Факултет за информатика

Здравко Цветковски

Здравко Цветковски
Помлад Асистент
Канцеларија:
322, втор кат
Телефон:
+389 2 320 2137
E-mail:
zdravko.cvetkovski@eurm.edu.mk

Кратка Биографија:

Здравко Цветковски е роден 1980 година во Крива Паланка, Р. Македонија. Во 2003 дипломира на отсекот Теориска математика на Природно-математички факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Моментално е запишан на постдипломски студии на ПМф.

Работно искуство:

Моментално е вработен како помлад асистент на Факултетот за Информатика при Европскиот Универзитет-Република Македонија.
Додека како професионално искуство може да се истакне 10 годишното успешно учество во организација и спроведување на натпреварите по математика на сите нивоа, во Р.Македонија. Како и следниве референци.

  • Член на Државната комисија за избор и прегледување на задачи кои се задаваат за регионални и републички натпревари, (2000-2006)
  • Предавач на припремите за Јуниорска Балканијада на Македонскиот национален тим (Јуниори), (2005/06)
  • Предавач на припремите за Јуниорска Балканијада на Македонскиот национален тим (Јуниори), (2007/08)
  • Заменик водач на Македонската јуниорска репрезентација на Јуниорската Балканска математичка олимпијада, Шумен (Р.Бугарија), (2007)
  • Активно работи со талентираните ученици, за математички натпревари.
  • Учество на семинар : Fuzzy sets and fuzzy logic, Струга (2007)
  • Водач на Македонската јуниорска репрезентација, на Јуниорската Балканска математичка олимпијада, Валона (Р.Албанија), (2008)
  • Уредник на математичкото списание “Сигма”, списание за учениците од средните училишта.
  • Заменик водач на Македонската јуниорска репрезентација на Јуниорската Балканска математичка олимпијада, Сараево (БИХ), (2009)

Интереси, трудови и публикации:

Стручни трудови и публикации

  • Математичка индукција во геометрија; Малчески Ристо, Цветковски Здравко; Сигма, Математичко списание за учениците од средните училишта.
  • Еден алгоритам за генерирање на питагорови тројки; Цветковски Здравко; Малчески Ристо, Сигма, Математичко списание за учениците од средните училишта.
  • Неравенства на Schur и Muirhead; Цветковски Здравко; Малчески Ристо, Сигма, Математичко списание за учениците од средните училишта.
  • Еден метод за докажување на неравенства со три променливи; Цветковски Здравко; Малчески Ристо, Сигма, Математичко списание за учениците од средните училишта.
  • Докажување на неравенства со три променливи; Цветковски Здравко; Малчески Ристо, Сигма, Математичко списание за учениците од средните училишта.

Книги:

  • Macedonian mathematical competitions; Vesna Manova-Erakovic etc.; Macedonian mathematical society, 2008.
  • Избрани содржини од алгебтра; Ристо Малчески, и други; Сојуз на математичари на Македонија, 2007.

Здравко Цветковски  како ученик во основното и средното образование успешно учествувал на натпреварите по математика на сите нивоа, при што редовно бил наградуван. При што позначајни се:

  • Бронзен медал на ММО-97
  • Сребрен медал на ММО-98
  • Добитник е на наградата 8-октомври која ја доделува градот Крива Паланка за достигнувања во областа на науката и образованието.