Факултет за информатика

Клиничка настава

Извештај за подобноста на кандидатите за држење клиничка настава на Факултетот за Информатика на ЕУРМ - Скопје

 

Во согласност со Одлуката донесена на 66-та седница на ННС на ФИ одржана на 28.06.2010 за избор на стручњаци од практиката за изведување клиничка настава го поднесуваме следниов

 

И  З  В  Е  Ш  Т  А  Ј

 

Определени се следниве кандидати по предмети кои  ги поднесоа своите работни биографии:

 

Семестар

Предмет

Клиничка настава

1

Компјутерски алатки

Горан Цветковски

1

Структурно програмирање

Марјан Богатиновски

 

1

Математика 1

Александар Спасовски

 

1

Вовед во организација на компјутери

Стефан Томовски

 

1

Техники на Усно и писмено изразување

Блага Панева

 

2

Архитектура на компјутери

Стефан Томовски

 

2

Интернет технологии

Горан Цветковски

2

Алгебарски структури

Томе Богданов

 

2

Вовед во пренос на податоци

Томе Богданов

 

2

Култура на говорот

Блага Панева

 

7

Напредни бази на податоци

Игор Јаневски

 

7

Напредна компјутерска графика

 Красимир   Петрески

 

8

Дистрибуирани компјутерски системи

Сашко Целаковски

 

8

Проектирање на информациони системи

Сашко Целаковски

 

8

WAN мрежи и услуги

 Ѓоко Стаменков

 

8

Проектирање на компјутерски мрежи

 Ѓоко Стаменков

 

8

Напредна визуелизација

 Красимир   Петрески

 

 

 

1.  Кандидатот Горан Цветковски е погоден да ја држи клиничката настава по предметите  Компјутерски алатки и Интернет технологии со оглед  на неговата позиција на консултант во фирмата „БПМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје  каде што раководи со проекти  за развиток на апликативни решенија вклучувајќи ја координацијата помеѓу програмерите и корисниците на апликациите.

 

2.Кандидатот Марјан Богатиновски е погоден да ја држи клиничката настава по предметот Структурно програмирање со оглед  на неговата професионална работа во фирмата Ассеко СЕЕ ДООЕЛ   Скопје, каде што е задолжен за деловен развој и деловни решенија од областа на информатичките и комуникациските технологии.

 

3. Кандидатот Александар Спасовски е погоден да ја држи клиничката настава по предметот Математика 1 со оглед  на неговата позиција како Раководител на Службата за Системска подршка во Сектор за Информатичка технологија  во    ЈП Водовод и канализација – Скопје.

 

4. Кандидатот Стефан Томовски е погоден да ја држи клиничката настава по предметите Вовед во организација на компјутери и Архитектура на компјутери со оглед  на неговата позиција како сопственик и вработен во фирма БСЦ ЕСТЕК - Скопје, којашто има изработено бројни значајни проекти од областа на информатиката.

 

5. Кандидатот Блага Панева е погодна да ја држи клиничката настава по предметите Техники на Усно и писмено изразување и Култура на говорот со оглед  на нејзината позиција раководител на Одделението за изработка на програми и критериуми за професионален развој на воспитно-образовниот кадар во Секторот за професионален развој и советодавна стручна работа.

 

6.  Кандидатот Томе Богданов е погоден да ја држи клиничката настава по предметите Алгебарски структури и Вовед во пренос на податоци со оглед на неговата позиција во T-Mobile како менаџер за информациска безбедност и сигурност на податоците и работењето со мрежи.

 

 7. Кандидатот м-р Ѓоко Стаменков е погоден да ја држи клиничката настава по предметите WAN мрежи и услуги и Препознавање на облици со оглед на неговата позиција во фирмата „Микаста доо - Скопје“ како консултант во областа на информациските и комуникациски технологии, проектниот менаџмент, имплементацијата и администрирањето на мрежни системи, безбедноста на системите и обезбедувањето квалитет. 

 

8.  Кандидатот Игор Јаневски е погоден да ја држи клиничката настава по предметот Напредни бази на податоци со оглед на неговата позиција во Itea Solutionsкако одговорен за оперативноста на податоците кај дистрибуираните системи и мрежно-ориентираните сервиси.

 

9. Кандидатот Сашко Целаковски е погоден да ја држи клиничката настава по предметите Дистрибуирани компјутерски системи и Проектирање на информациони системи со оглед на неговата позиција во ITgma Ltd. како одговорен за софтверскиот развиток, обезбедувањето на квалитет, сервисите во управувањето со апликации, како и проектниот менаџмент.

 

10. Кандидатот Красимир Петрески е погоден да ја држи наставата по предметите Напредна компјутерска графика и Напредна визуелизација со оглед на неговата позиција на проект менаџер во компанијата „Неоком“, неговото релевантно техничко искуство и изработени  компјутерски подржани проекти.

 

ЕУРМ - Скопје, 01.09.2010.г.

 

Претседател на Комисијата за клиничка настава:           Проф. д-р Биљана Перчинкова

 

 

Членови:                                                                      Проф. д-р Здравко Стојаноски

 

 

                                                                                      Проф. д-р Томислав Џеков