Факултет за информатика

Конференција на ИТ за Млади Истражувачи - CITYR

 

Факултетот за информатика при Европскиот универзитет во Скопје во 2009 година за прв пат организираше конференција од областа на информатиката и информатичките технологии наменета, пред сè, за млади истражувачи кои се студенти на втор или трет циклус студии. По позитивните впечатоци добиени од учесниците на конференцијата, во Јуни 2010 година се организираше втора конференција CITYR10. Трудовите од конференцијата беа рецензирани и печатени во Зборник на трудови од оваа конференција во електронска форма, ставени на електронски медиум и на веб страницата на Факултетот. Покрај тоа, се испечати и зборник на апстракти, кој им беше поделен на сите учесници на конференцијата. Беа повикани и врвни научници од оваа област да одржат пленарни предавања за сите учесници.

Во 2011 година ќе се одржи третата конференција за млади истражувачи CITYR11. Се надеваме дека на оваа конференција, покрај нашите студенти од втор циклус студии, ќе се вклучат и студенти и млади истражувачи од други факултети и други универзитети од Македонија и од околината. Оваа година ќе биде возможно прифатен труд да биде презентиран преку видео-конференциска врска, со што ќе биде возможно оние учесници кои нема да можат да присуствуваат на конференцијата во Охрид, сепак да земат активно учество во нејзината работа.

На оваа Конференција ќе бидат прифатени трудови од областа на информатиката, поаѓајќи од теориските основи на информатиката, па сè до практичните проекти, доколку во нив има оригинални решенија.

CITYR'11 Конференција

 

CITYR'10 Конференција

CITYR'09 Конференција