Факултет за информатика

CITYR'11

ТРЕТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ

(Нов термин за одржување на конференцијата!)

CITYR'11

Conference on Information Technologies for Young Researchers

Охрид, Септември 2011

 ПРВ ПОВИК

Факултетот за информатика при Европскиот универзитет во Скопје во 2009 година за прв пат организираше конференција од областа на информатиката и информатичките технологии наменета, пред сè, за млади истражувачи кои се студенти на втор или трет циклус студии. По позитивните впечатоци добиени од учесниците на конференцијата, во септември 2011 година ќе се организира трета конференција CITYR11. Трудовите од конференцијата ќе бидат рецензирани и печатени во Зборник на трудови од оваа конференција во електронска форма, ставени на електронски медиум и на веб страницата на Факултетот. Покрај тоа, ќе се печати и зборник на апстракти, кој ќе им биде достапен на сите учесници на конференцијата. Оваа година ќе има можност прифатени трудови да се презентираат на конференцијата и преку виедо-конференциска врска. На тој начин ќе можат да ни се приклучат и учесници, како од Македонија, така и од други држави, кои во тој момент не би можеле да присуствуваат на конференцијата.  Ќе бидат повикани и врвни научници од оваа област да одржат пленарни предавања за сите учесници.

На оваа Конференција ќе бидат прифатени трудови од областа на информатиката, поаѓајќи од теориските основи на информатиката, па сè до практичните проекти, доколку во нив има оригинални решенија.  

Покровител на Конференцијата

Европски Универзитет - Република Македонија

 

Почесен одбор:

Проф. д-р Бојо Андрески (Претседател на Универзитетот)

Проф. д-р Панче Јовановски (Ректор на Универзитетот)

 

Програмски одбор:

Доц. Д-р Тони Стојановски (Декан на ФИ)

Доц. Д-р Ристо Христов (Продекан на ФИ)

Проф. Д-р Здравко Стојаноски

Проф. Д-р Томислав Џеков

Проф. Д-р Биљана Јанева

Проф. Д-р Искра Џонова Попова

Проф. Д-р Биљана Перчинкова

Доц. Д-р Сашо Гелев

Доц. Д-р Јован Пехчевски  

 

Организационен одбор:

Асс. М-р Анета Велкоска

Асс. М-р Димитар Младеновски

Асс. Јасмина Арменска

Асс. Ирена Скрческа

Асс. Здравко Цветковски

Асс. Ивана Атанасова

Асс. Љупчо Крстевски

Асс. Александар Соколовски

Асс. Весна Гега  

Распоред на активности:

Пријавување на кандидатите

Пријавувањето е во електронска форма и пријавата треба да се испрати на e-mail адреса cityr11@eurm.edu.mk, специјално формирана за оваа прилика. Краен рок на пријавување е 01.06.2011 година. Пријавата треба да содржи:

    • Име и презиме на кандидатот, како и контакт e-mail адреса и телефон
    • научно звање (ако го има)
    • Назив на Институцијата во која работи
    • Наслов на трудот со кој планира да учествува
    • Апстракт на трудот во електронска форма

Сите информации за конференцијата може да се најдат на веб страната CITYR11.

Поднесување на трудот (во електронска форма)

Kраен рок: 20.06.2011 година. 

 

Известување на рецензентите

Kраен рок: 01.08.2011 година.

 

Поднесување на корегиран труд (во електронска форма)

Kраен рок: 07.09.2011 година.  

 

Котизација

20 евра во денарска противвредност (ако се уплати до 01.09.2011)

30 евра во денарска противвредност (ако се уплати после 01.09.2011)