
Истражувачи, аналитичари, креатори на односи со јавноста, односно политичари, дипломати, медиумски експерти – тоа се професиите на дипломираните студенти на факултетот за политички науки.
Нашите студии овозможуваат:
Факултетот за политички науки е конципиран според најсовремените трендови во областа на политикологијата и сродните општествени науки, со цел да го следи незапирливиот подем на политиката и политичкото во модерната цивилизација која се стреми кон високи нивоа на демократско живеење. Мисијата на Факултетот за политички науки е да создаде студии кои ќе овозможуваат сеопфатно и продлабочено знаење од областа на политичките науки, способности да се проучува и анализира политичкиот феномен и врз неговите тајни да внесе научна светлина.
Факултетот овозможува проширени знаења првенствено од политикологијата, но и од други области на општествените науки како што се комуникациските, економските, правните и социолошките.
Во рамките на Факултетот за политички науки се изучуваат насоките: применета политика, меѓународни односи и дипломатија и комуникации и медиуми.
ДЕКАН
проф.д-р Живко Андревски