Факултет за политички науки

Јован Лозановски

д-р Јован Лозановски
Вонреден професор
Канцеларија:
218
Телефон:
+38923202183
E-mail:
jovan.lozanovski@eurm.edu.mk

Биографија:

Роден на: 27.11.1950 во с.Слепче, Демир Хисар.Основно  училиште:Завршено во1965 година. Средно образование: 1965-69 година во Крушево, диплома на гимназиско образование-општо. Високо образование: 1969-1973 год. Филозофски факултет, диплома: професор по филозофија. Магистерски студии: на Филозофски факултет, Институт за филозофија, научна област: Етика, магистерски труд: Етичкото образование во средните училишта во Република Македонија, одбранет во 1999 година. Докторски студии: на Филозофски факултет, Институтот за филозофија, научна област Етика, докторска дисертација на тема: Формите на работа, методите и средствата по етика во средните училишта, одбранета во 2001 година.

Работно искуство:

Професор во средно училиште од 1975 година, во Емуц „Никола тесла” Скопје. Советник во Републичкиот завод за образование од 1981 до 1996 година.Директор на Средното училиште „Браќа Миладиновци”, Скопје, од 1996 до 1999 година;Од 1999 до 2001 година професор во гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин” во Скопје.Универзитетско искуство: Универзитет "Св.Климент Охридски" во Битола, Доцент по Основи на филозофија на Педагошкиот факултет, студиска 2001/2002 година;Доцент по Историја на етика на Државниот унивезитет во Тетово,  на катедрата за филозофија и социологија на Факултетот за општествено-хуманитарни науки и уметности од 2004 до 2008 година;Доцент по Етика и деонтологија и филозофската група наставни предмети на Факултетот за правни науки и Факултетот за политички науки на Првиот приватен универзитет Европски универзитет-Република Македонија од 2008 година.

Трудови и публикации:

Етиката и младите, Китано, Скопје, 2006;

Етика и деонтологија, авторизирани наставни материјали, Европски универзитет-Република Македонија, 2009;

Комуницирање и преговарање, авторизирани и хрестоматски наставни материјали,  Европски универзитет-Република Македонија, 2009;

Етичките вредности и демократијата, Зборник на трудови, Европски универзитет-Република Македонија, 2008, стр. 81-94;

Современа политичка историја, авторизирани наставни материјали, Европски универзитет-Република Македонија, 2009;

Етичкиот кодекс - најзначаен деонтолошки документ, Годишник на трудови, број 2, 2009, стр. 361-374.

Етика во политиката авторизирани наставни материјали, Европски универзитет-Република Македонија, 2009;

Етика и деонтологија, авторизирани наставни материјали, Европски универзитет-Република Македонија, 2009;

Професионална едукација, учество во проекти и на семинари и конференции:Јули 1999: Велинград, Бугарија-Интернационална научна конференција (Центар"Отворено Образование"- Софија)- Школа за граѓанско образование и етички вредности.2000-2006: Приморско, Бугарија и Охрид, Република Македонија, во организација на  Советот на Европа, Центарот "Отворено Образование " од Софија и УНЕСКО, континуирани семинари (секоја година) на теми од етичките вредности и промоцијата на граѓанската демократијата и интеркултурното разбирање.

Четири семинари од проектот "Со читање и пишување до критичко мислење", стекнат интернационален сертификат за обучувачи.
Проекти и учество: Експериментална настава по етика во средните училишта во Република Македонија, кораководител на проектот во четири средни училишта (две во Скопје и во Кавадарци и Крива Паланка), и носител на наставата во гимназијата во Драчево во  учебната 1998/99 година. Резултати на проектот: Прв пат во македонското школство е воведена е настава по етика како изборен предмет во втора година и етика како задолжителен наставен предмет во една од опциите во општествени-хуманитарната насокан во реформираното гимназиско образование.

Експериментална настава по етика во основните училишта во Република Македонија, член на раководството на   проектите, реализирани во Основното училиште "Партение Зогравски" (шесто одделение) и во Основното училиште "Владо Тасевски" (од прво до трето одделение) во Скопје.Носител на проектот "Центар за етичко образование" во гимназијата "Браќа Миладиновци" во Драчево.    

Office:
Phone:
E-mail: