

Д-р Луси Караниколова е родена во Гевгелија, 1970 година. Дипломирала (1993 г.), магистрирала (1998 г.) и докторирала (2006 г.) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Магистериумот е работен на тема "Детаљот во Ана Каранина и Пиреј", а докторската дисертација на тема "Описот во прозата".
За доцент е избрана во јуни, 2006 година.
Од април 1997, до септември, 1999 година работи како стручен соработник и советник во Министерството за образование и наука на Р. Македонија.
Од септември 1999 година до септември 2007 година работи како професор по Македонски јазик и литература во државното средно училиште „Раде Јовчевски – Корчагин" - Скопје.
Во академската 2006/2007 е ангажирана како Доцент на Факултетот за политички науки на Европскиот универзитет-Република Македнонија за групата филолошки и културолошки предмети.
„Описното рамниште во прозата на Блаже Конески“, Скопје, 1999;
„Урбаниот детаљ во поезијата на Гане Тодоровски“, Скопје, 2003;
„Фокусот на ексцентричноста во расказите на Хулио Кортасар“, Скопје, 2008;
„Приказна(и) за судбините човечки“ (Кон феномените ковчег и коњи во романот "Азбука на непослушните" од Венко Андоновски и медитеранската приказна "Коњите на Свети Марко" од М. Павиќ ), Скопје, 2008.
"Митот за Ахил или феноменот на исклучителното херојство", Скопје, 2009.
"Со цвет за цветот", Скопје, 2010.
"Техники на усно и писмено изразување", (учебник) Скопје, 2010.
Учество меѓународни научни собири и конгреси:
-Придонесот на Блаже Конески за македонската култура, Скопје, 1998 год.;
-Научен собир по повеод 70 години од раѓањето на Гане Тодоровски, Скопје, 1999 год.;
-Научен собир посветен на творештвото на Хулио Кортасар, Скопје, 1999 год.;
-Меѓународен македонистички конгрес, по повод 2008-та, година на јазиците, Охрид, 2008 год.;
-Научен симпозиум на 48-TE Струшките вечери на поезијата-„Музиката и поезијата“, Струга, 2009 година;
-Научен собир посветен на творештвото на Атанас Вангелов, Скопје, 2009 год.;
-37 Научна конференција на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 2010 год.;
-Научен симпозиум на 49-TE Струшките вечери на поезијата-„Поезијата и медиумите“, Струга, 2010 год.
Учество семинари и обуки:
-Од 2003 до 2005-та година, обуката на Институтот-Отворено општество-Македонија (СОРОС)- „Со читање и пишување до критичко мислење“;
-Април, 2004-Обука за водење дебата;
-Од 2000-2005-та година, континуирани работилници на проектот „Промоција на хумани вредности“ на Меѓународниот комитет на црвениот крст;
-2005/2006-та година, семинари и работилници на проектот „Родови односи и развој“ на невладината организација ЕСЕ (Еманципација, солидарност и еднаквост на жените).