Факултет за политички науки

Викторија Кафеџиска

д-р Викторија Кафеџиска
Доцент
Канцеларија:
Канцеларија: 221
Телефон:
+3892320 2127
E-mail:
viktorija.kafedziska@eurm.edu.mk

Биографија:

Д-р Викторија Кафеџиска е родена на 05.08.1961 година во Скопје. Основното училиште го завршила како првенец на генерацијата во О. У. "Јохан Хајнрих Песталоци", а со одличен успех матурирала во гимназијата "Раде Јовчевски - Корчагин". Во 1984 година дипломира на Правниот факултет (политичко-управна насока).

Нејзиното академско усовршување продолжува на постдипломските студии по Комуникологија на Институтот за политички, правни и социолошки истражувања каде успешно го одбранува магистерскиот труд "Медиумското законодавство како фактор на влијание врз плуралното јавно информирање". Со одбраната на докторската тема "Меѓусебниот однос на дизајнот на работата и организациската структура во трговските радиодифузни друштва и јавниот радиодифузен сервис (МРТВ)" се стекнува со научниот степен доктор по менаџмент. 

Работно искуство:

По завршувањето на студиите на Правниот факултет, Викторија Кафеџиска хонорарно соработува, а потоа редовно се вработува во Информативната програма на внатрешно-политичката редакција на Радио Телевизија Скопје. Од 1991 година професионалниот интерес го насочува кон образовниот систем и учебникарско-издавачката дејност и работи како уредник координатор во редакцијата за образование, наука и култура во рамките на Информативната програма. 

Во 2002 - та година, Викторија Кафеџиска преминува во Образовната програма на МРТВ, а во 2007 - мата е избрана за извршен уредник на едукативно-научната програма на нашиот јавен радиодифузен сервис.


Нејзиното академско и наставно искуство започнува на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово каде работи како предавач по предметите: Медиумски пишување и известување, Техники на интервјуирање и Комуникации и јавност. Во 2007 под менторство на проф. Кристина Шилер од Универзитетот во Индијана, Кафеџиска го предава предметот Односи со јавноста. Истиот наставен предмет, Односи со јавноста, таа го предавала и на постдипломските студии по политички менаџмент на Правниот факултет како дел од Темпус програмата која се одвива на англиски јазик.

Од академската 2009-2010 работи како доцент на Факултетот за политички науки при Европскиот Универзитет наставно реализирајќи ги следниве предмети: Политика и медиуми, Јавно мнение и масовни комуникации и Нови медиуми и електронска демократија.

Трудови и публикации:

Викторија Кафеџиска е автор на повеќе трудови. Статијата "Комуникациски и медиумски технологии и процесот на глобализацијата" ја приложува во Зборникот на трудови објавен по Светскиот детски самит "Демократијата и малдите". Во 2000 - тата година на Симпозиумот "Мајко, заштити ја својата рожба" ја презентира темата: "Медиумското влијание кај младите", а на Меѓународниот конгрес за детски права во 2003 - тата настапува со темата: "Негативното влијание на медиумските програми врз младите". Во 2006 - та во Софија на Професорската академија за светон мир настапува со илагањето за Религијата, младите и медиумите. Со свои трудови учествива и во подготовката на детската Демократска читанка и Демократскиот колаж. Автор е на авторизираните предавања по Меѓународни односи и дипломатија кои се ползуваат како учебник на Факултетот за политички науки.