Факултет за политички науки

Бошко Караџов

д-р Бошко Караџов
Асистент
Канцеларија:
222
Телефон:
+3892320 2037
E-mail:
bosko.karadzov@eurm.edu.mk

Биографија:

Бошко Караџов е роден на 19.10.1978 година во Велес каде го комплетирасвоето основно и средно гимназиско образование. Додипломските студии ги завршува на институтот за филозофија при Филозофскиот факултет со просечен успех 9, 43 и монографската дипломаска работа “Основите на Декартовата теорија на познанието”. Во 2002-та се запишува на последипломските магистерски студии по филозофија кои ги завршува 2006-та со просечен успех 10,00 и магистерскиот труд посветен на логичките и социологистичките модели во современата нормативна методологија и епистемологија. Неговиот магистерскиот труд со наслов Епистемолошките проблеми на логичкиот реконструкционализам   ја тематизира концептуалната расправа помеѓу социо-историцистите (Кун,  Лакатош и Фаерабенд) и логицистите (Хемпел, Карнап, Најгел) во однос на  прашањето за природата на научното познание.

Во 2011 на Филозофскиот Факултет при УКИМ, Бошко Караџов се стекнува со научен степен доктор на филозофски науки со одбрана на дисертацијата Парадоксите на индуктивната логика. Во неа ги истражува формалните ограничување на применетата логика во нормативната методологија на научните истражувања и проблемите на логичката кодификација на научните познанија.

Работно искуство:

Во учебната 2003/04 работи како професор по социологија во Гимназијата “Кочо Рацин ” во Велес, содејствува со локалниот НВО сектор како едукатор по реторика и теорија на политичката и правната аргументација и ја посетува школата за Род и политика на иститутот “Евро-Балкан” при истражувачкиот центар за родови студии. Од академската 2007/08 работи на Факултетот за политички науки при Европскиот Универзитет Р.М. како соработник по предметите Методологија на научните истражувања и Политичка етика. Додека на Факултетот за правни науки содејствува во образовно-истражувачкиот процес при наставниот предмет Етика и деонтологија.

Трудови и публикации:

Караџов, Бошко. Епистемолошките проблеми на логичкиот реконструкционализам . Необјавен магистерски труд, Филозофски факултет, Скопје, 2006. постиран како on-line book на <http://teon.blog.mk/>

Караџов, Бошко. “Научното објаснување: Методолошки испитувања”. во: Зборник на трудови, Скопје: ЕУРМ, 2008, 245-269.

Караџов, Бошко. “Општествениот договор: историски факт или толковен модел”. во: Зборник на трудови, Скопје: ЕУРМ, 2009, 389-404.

Караџов Бошко објавува политолошки, социолошки, естетички и религиолошки анализи и студии на неговиот блог teon.blog.mk.