Факултет за политички науки

Ивица Максимовски

м-р Ивица Максимоски
Асистент
Канцеларија:
222
Телефон:
E-mail:

Биографија

Ивица Максимоски е роден на 21.09.1978г. во Прилеп. Живее во село Сувидол- Македонски Брод. Основното и средното образование го завршува во Македонски Брод. На 27.06.2002г. дипломира на Катедрата за Македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје. Студиите ги завршува со просечен успех 8.87.Во февруари 2003г.се запишува на постдипломски студии на Катедрата за Македонска книжевност и јужнословенски книжевности и студиите ги завршува со успешно положување на предвидените испити во јуни 2004г. Просечниот успех на постдипломските студии му изнесува 8.77.  На 28.12.2006г. го одбранува магистерскиот труд под наслов: „Семантиката на предмодернизмот (протомодернизмот) во македонската проза“. Во фаза е на изработка на докторска дисертација.

Работно искуство

Во учебната 2006/07г. работи како професор по македонски јазик во П.О.У. „Јоаким Крчоски“-село Манастирец при О.У.„Св.Климент Охридски“-Македонски Брод. Од март 2009г. се вработува како ассистент на Првиот приватен Европски Универзитет Република Македонија-  Скопје.

Трудови и публикации

• “Од интимата до сентимата” – стихозбирка, 1996
•“Земја страдалница”,“Нашиот град”,”Реката Треска”-песни објавени во “Морис - прес”, 1996
• “Поети”, “Јас те чувствувам” –песни објавени во алманахот “Мугри”, 1998
• “Камен”, “Муза на животот” – песни објавени во алманахот “Светови“, 1998
• “Од промоцијата на книгата “Св. Наум Охридски“ од проф. Д-р Вера Стојческа – Антиќ“ – текст објавен во списанието “Лоза“ бр.8, 1998
• “Моќта на чиновникот“ – текст објавен во “Дневник“ , 2000
• “Јазикот огледало на народот“ , “Студентите да бидат единствени“ – текстови објавени во весникот “Утрински весник“ , 2000
• “Од сеќавања до незаборав“ – стихозбирка, 2001
• “Сон“, “Љубовта е опиум“, – песни објавени во “Мугри“ , 2003
• “Самотник“, “Несигурност“, “ (НЕ) совршен цвет“ – песни објавени во “Мугри“ , 2004
• “Името белег за идентификација“ , “Време на предизвици“ , “Сурова реалност“, “Мечти или залудни занесувања“ , “Силата е во единството и обединувањето“ , “Државни порти високи, граѓански маки големи“ , “Најдете решение за невработеноста“ – текстови објавени во весникот “Нова Македонија“ , 2008
• “Песна за Рацин“ , “Нашиот Рацин“ , “Големиот Рацин“ , “Љубов голема“ , “Јас“, “Сто“ – песни објавени во списанието за литература, култура и уметност “Современост“, 2008