Факултет за политички науки

Кристина Богевска - Малинка

м-р Кристина Богевска - Малинка
Aсистент
Канцеларија:
220
Телефон:
+389 2 3202037
E-mail:
kristina.bogevska@eurm.edu.mk

Биографија:

Кристина Богевска - Малинка дипломира во 2002, на катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ -  Скопје. Во академската 2005 / 2006 се запишува на последипломските студии за евроинтеграции и комуникации, на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет во Скопје, кои ги завршува со просечен успех 9,7. Магистерскиот труд Европската соседска политика како алтернатива на процесот на проширување го одбранува во 2009.

Работно искуство:

За време на средношколските денови хонорарно работи во Драмскиот театар – Скопје. За време на студиите соработува со студентскиот весник на универзитетите од ЈИЕ. Од академската 2006 / 2007 работи на Факултетот за комуникации и медиуми и Факултетот за политички науки на Европскиот универзитет.

Трудови и публикации:

Присуствува на летната школа за изучување на француска литература и јазик на Универзитетот Мишел де Монтењ во Бордо, во 1996. Во 1997 учествува во програмата „Соседите и иднината во Југоисточна Европа: разлики и идентитети“ на Универзитетот за хуманистички науки во Стразбур. Во 1998 учествува на регионалната работилница „Јазичните политики во мултикултурните општества“, организирана од Transeuropéennes – Париз. Своето знаење од областа на евроинтеграциите го надополнува со присуство на повеќе семинари и предавања. Има напишано неколку текста од областа на евроинтегративните процеси, интеркултурната комуникација, теоријата на национализмот, некои публикувани во Годишникот на трудови на ЕУРМ.