

Македонка Радуловиќ е родена 05.01.1981. Дипломира на Универзитетот “Кирил и Методиј” на Правниот факултет- отсек новинарство во 2004 година. Во 2005 година се запишува на последипломски студии на Филозофскиот факултет при истиот Универзитет- отсек Европски студии за интеграција и комуникација. Во март, 2009 година одбрани магистерска теза под наслов “Европска здравствена политика во доменот на подобрување на заштитата на правата на пациентите и нејзиното влијание врз политиката на РМ”. Во моментов работи на докторската дисертација на тема “Влијанието на Европската Унија врз почитувањето и остварувањето на правото на здравје како дел од човековите права и слободи во РМ”.
За време на студиите работи како новинар во политичките неделници “Старт” и “Аргумент плус” и дневниот весник “Глобал” каде што има објавено голем број статии и интервјуа. Од септември 2007 година вработена е наПрвиот Приватен Универзитет – Европски Универзитет и е избрана како помлад асистент на факултетот за Политички науки.
Има објавено статии и интервјуа во политичките неделници “Старт” и “Аргумент плус”,економскиот неделник “Капитал” и дневните весници “Глобал” и “Бизнис”. Статија за Зборникот на ЕУРМ, за 2008/2009 година. Има соработувано во изработка на учебни помагала за потребите на Факултетот за Политички науки.