

Мартин Николиќ е роден на 05.04.1984 година во Скопје. Основното образование го завршува во Скопје, по што се запишува во гимназијата „Орце Николов“. Додипломските студии ги завршува во 2006 година, на катедрата за Политички науки при Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје, со просечен успех од 9.40. Во академската 2007 / 2008 се запишува на последипломските студии за политички науки при Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања во Скопје, кои ги завршува со просечен успех од 10.00.
Во мај 2010, Мартин Николиќ се стекнува со звањето магистер на политички науки успешно бранејќи ја магистерска теза со наслов „ Анализа на пратеничкиот имунитет и неговите димензии“ во која ги истражува формите и модалитетите на суштинскиот и процедурален пратенички имунитет како неопходен инструмент за реализација на пратеничкиот мандат во репрезентативните демократии.
Од академската 2007/2008 година е вработен како помлад асистент по предметот „Политички систем“ на Факултетот за политички науки при Европскиот Универзитет - Република Македонија. Во 2010 е избран за асистент на предметот Вовед во политички науки. Полето на неговиот научен интерес ги опфаќа дисциплините: „Политички систем“, „Компаративни политички системи“, „Политички партии и интересни групи“.
Од академската 2007/2008 година до денес, Мартин Николиќ е вработен на првиот приватен универзитет – Европски Универзитет Република Македонија, каде бил стручен соработник на следните научни дисциплини: Политички систем, Вовед во политичките науки, Политичка социологија и Современи политички теории.
Мартин Николиќ досега има објавено две научни статии:
Николиќ, Мартин. „Значењето и улогата на државите и нивните национални интереси наспроти митот за супранационалност : Букурешкиот дијалог“. New Balkan politics, број:11. Скопје, 2009. <http://newbalkanpolitics.org.mk/editorials/martin_mk.html>
Николиќ, Мартин. „ Крај на историјата или нов предизвик за либералната демократија“. Годишник на трудови. ЕУРМ, Скопје, 2009, 557-570. <http://www.eurm.edu.mk/fileadmin/user_upload/Godisnik_na_trudovi_2009.pdf>