
Мисијата на Факултетот за правни науки , како дел од системот на институции кои не само што подготвуваат кадри, туку и битно влијаат на професионалноста и квалитетот на законодавството, структурата на апаратот на јавната администрација, а посебно на правосудниот систем е, да обезбеди висок квалитет во образованието од областа на правото, еднакво на најдобрите образовни институции во Европа и во светот. Преку примена на највисоките стандарди, факултетот обезбедува запознавање со суштинскиот концепт на правото, негово усвојување од страна на студентите, ја развива нивната креативност и ги подготвува за практична примена на прописите.
Преку првиот циклус на студии кои траат три години, студентите се стекнуваат со звањето дипломиран правник, а во вториот циклус на студии можат да изберат да се специјализираат во областа на правосудството, деловното право или меѓународното право и меѓународните односи. Оние кои ќе изберат да ги продолжат студиите на овие насоки и кои успешно ќе ги завршат, се стекнуваат со звањето магистер на науки во областа за која се определиле.
Кредит трнасфер системот на овие студии и нивната висока компатибилност со студиите од овој вид во европските и светските центри на наука, им овозможува на студентите трансфер на универзитетите ширум светот.