

Дипломиран филолог по англиски јазик и книжевност. Се школува на Филолошки Факултет „Блаже Конески“ и во Лондон, Англија. Запишана е на постдипломски студии на Факултетот за економски науки-насока маркетинг на Европскиот универзитет.
Работи во повеќе државни и приватни училишта од 2002 година,а од 2006 е вработена на Европски универзитет-Република Македонија како лектор.
Има издадено неколку трудови на разни семинари и конференции, од коишто позначајни се расказите кои што се објавени како дел од семинарот за драма организиран од British Council-Madcap во 2004 година.
Има добиено неколку признанија за учество на повеќе конференции и семинари.