

Доц. д-р Ѓорѓи М. Сламков е роден на 27.01.1976 година во Гевгелија. Со високо образование се стекнал на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје, каде што дипломирал на 15.06.1998 година. По завршување на постдипломските студии по кривично право и криминологија на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ пријавува магистерскиот труд под работен наслов „Општокорисна работа“. По неговата одбрана, на ден 16.05.2002 година, стекнува право на стручен назив магистер по правни науки.Докторската дисертација под наслов „Условна осуда со заштитен надзор„ ја одбранува на ден 16.05.2007 година со што се стекнува со право на стручен назив доктор по правни науки.
Во периодот 2000-2001 година работел во Министерството за финансии на Р Македонија. Од август 2001 година до јули 2004 година работел во МВР на Р Македонија, СВР Гевгелија. Потоа преминал на работа во Полициската академија во Скопје како асистент по предметот Кривично право. Денес, работи на Факултетот за правни науки при Првиот риватен универзитет-Европскиот универзитет - Република Македонија. Член е на Македонското здружение по казнено право и криминологија. Член е на Издавачкиот совет на списанието Правник. Избран предавач на Академијата за обука на судии и јавни обвинители. Со положен правосуден испит.
„Примена на условната осуда со заштитен надзор во Република Македонија“ 2006 година, Годишник на Полициска академија бр.1/2006
„Општокорисната работа како алтернативна санкција“, Зборник на одбранети докторати и магистратури, Правен факултет „Јустинијан Први“ 2006 година, „Смртната казна и правото на живот“ Годишник на Полициска академија бр. 2/ 2007, „Зошто е потребно создавање Пробациска служба на Република Македонија?“ Македонска ревија за казнено право и криминологија бр.1/2008, „Појава и развиток на пробацијата како санкција наменета за замена на институцуиналниот третман“ Зборник на трудови, ЕУРМ 2008 година, Скопје, „Казнено процесно право“ Европски универзитет, 2008 година, „Казнено право – општ дел“ Европски универзитет, 2009 година, „Меѓународниот кривичен суд како постојан суд за судење на најтешките меѓународни кривични дела„ Македонска ревија за казнено право и криминологија, бр. 1. 2009, Човековите слободи и права и ефикасноста на полицијата, Зборник на трудови ЕУРМ 2010, Скопје, Меѓународно казнено право, коавторство, авторизирани предавања, Европски Универзитет, Скопје, 2010. Автор на трудовите "Судска ефикасност во справувањето со корупцијата за 2010 и 2011 година".
Награден е на неколку семинари и конференции со повеќе признанија од областа на правото.