

Проф. Д-р. Ѓорѓи Спасов роден е на 11.08.1949 година во Неготино, Република Македонија.Дипломирал на факултетот за политички науки (1972) на Универзитетот во Белград, Србија. Магистрирал (1983) и докторирал (1993) на политички науки на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Од 1976-1993 работи како асистент а потоа како научен соработник во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, на Универзитетот во Скопје. Од 1994-1997 е Амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија а од 1996.година и Амбасадор во Република Молодова. Од 1997-1998 е Министер за правда на Владата на Република Македонија.Од 1999-2002 година е Пратеник во Собранието на Македонија и професор на Правниот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Од 2003 -2007 година е Амбасадор на Македонија во Велика Британија, во Ирска и во Исланд.
Има учествувано во реализацијата на домашни и странски научно истражувачки проекти, учествува на меѓународни конференции и симпозиуми и објавува научни трудови.Член е на Меѓународниот кралски институт за мегународни односи (Чатам Хаус) во Лондон.
Има добиено највисок Орден што им се доделува на странските дипломати во Република Бугарија за дипломатска дејност.