Факултет за правни науки

Иван Бимбиловски

Д-р Иван Бимбиловски
Продекан, Доцент
Канцеларија:
115, приземје
Телефон:
+389 78 482 015; +389 76 888889
E-mail:
ivan.bimbilovski@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Иван Бимбиловски докторира правни науки на ЦЕУ во Будимпешта, Унгарија, одбранувајќи ја докторската дисертација со Magna cum Laude. Како докторски кандидат, престојува неколку семестри на Хумболт универзитетот во Берлин, Германија и Универзитетот во Торонто, Канада. Постдокторски истражувања врши на Универзитетот на Мичиген во Ен Арбор, САД.

Работно искуство

Работи како консултант за еминентни меѓународни организации, меѓу кои и за Совет на Европа, ОБСЕ, НАТО, Светска банка, УСАИД и ГТЗ, како и за познати локални истражувачки центри, како што е Агенцијата Рејтинг и Центарот за истражување и креирање политики. Д-р. Бимбиловски е сертифициран медијатор, регистиран при Комората на медијатори на Македонија. Избран е и за предавач на Академијата за судии и јавни обвинители.

Трудови и публикации

Автор е на повеќе трудови, меѓу кои и “Воени и вонредни состојби во споредбена уставна перспктива,“ во издание на Lambert Academic Publishing од Келн, Германија; „Уставна политика во Македонија,“ во издание на New York University Law School, „Расчленување на мантрата или што мислиме кога велиме слободни и фер избори,“ „Политичката економија на судските реформи,“ и „Финансирањето на изборните кампањи според новиот изборен законик на Република Македонија – Апел за Македонски Buckley v. Valeо…и повеќе од тоа,“ сите во издание на Konrad Adenauer Stiftung; „ГПКТ Водич за прекугранична трговија,“ во издание на East West Institute; „Миграции во Југоисточна Европа“ (ко-автор) во издание на Grupa 484; „Вовед во правото,“ Цетис, итн.

Учествува на голем број на меѓународни семинари и конференции на кои што презентира свои трудови, вклучително и оние на тема: Европски интеграции (Прага, Чешка); Соработка меѓу владата и невладиниот сектор (Исик-кул, Киргистан); Избори (Краков, Полска); Академско пишување (Варшава, Полска); и Економија и демократија (Дубровник, Хрватска).

Награди и признанија

Добитник е на многубројни школарини и стипендии, меѓу кои и оние на Вајзер центарот за Европа и Евроазија, Министерството за образование и наука на Република Македонија и Институтот отворено општество.