

Зоја Катру е родена на 17-ти декември, 1958 во Скопје. Дипломирала на Факултетот за новинарство во 1981 на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Магистрирала на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 1998, а докторирала на Институтот за Филозофија при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје во 2003 година на политичко-социолошки науки. Од 1981 до 2001 работи како новинар и уредник во јавниот сервис на Македонското Радио, а таму и станува уредник на Третиот Канал-програмски сервис кој се занимава со теории од областа на науката и уметноста. Од 2004 до 2005 работи како хонорарен професор на Југоисточниот Универзитет во Тетово, а после тоа продолжува да работи како универзитетски професор на Европскиот Универзитет во Скопје.
Има обајевено повеќе трудови од областа на политичката филозофија, човековите права и од областа на теоријата на меѓународните односи. Уредник е на публикацијата „Забрана за физичко казнување на децата“ (декември, 2007).
Член е на повеќе невладини организации, а исто така таа е и програмски консултант во Одделот за издавање на документи и публикации на Советот на Европа во Скопје. За својата работа добива повеќе награди и признанија.