

Доцент. д-р Александра Жежова, е родена на 03.09.1980 година. Со високо образование се стекнала на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, Скопје, каде што дипломирала 2004 година, со просечен успех 9,78. На магистерски студии на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет се запишала во 2003 година на насоката за Социологија на општествените девијации и истите ги завршила со просечен успех 10,00.
Магистерскиот труд под наслов ,,Општествените промени и стапката на самоубиства во Република Македонија,, го одбрани на 17 март 2007 година и се здоби со научен степен магистер по социолошки науки. Докторската дисертација на тема: ,,Информирањето на печатените медиуми за современите морални предизвици во Република Македонија,, успешно ја одбрани на 30 април 2010 година и се стекна со научниот степен доктор на социолошки науки.
Демонстратор на Институтот за Социологија при Филозофскиот факултет по предметите: Методологија на социолошки истражувања кај проф.д-р Петре Георгиевски, Социјална патологија кај проф.д-р Нелко Стојаноски и Квантитативни и квалитативни истражувања кај Доцент д-р Весна Димитриевска.
Социотерапевтски клуб на деца под ризик (деца на улица/улични деца), односно изнаоѓање на интервентни форми во работата со овие деца, проектот беше финансиран од Институтот Трајни Заедници.
Координатор на проектот за Граѓанските услужни центри во општина Центар, финансиран од Европската Агенција за развој и реконструкција при Европската Унија.
Има учествувано на повеќе домашни и меѓународни семинари и конференции.
25.06-3.07.2001 Дрогата-младите-семејството (можности за третман, рехабилитација и ресоцијализација на лица што злоупотребуваат дрога)
17-20.11.2001 Трговија со жени, во организација на Невладината организација Отворена порта.
01.06.2002-30.07.2002 Малолетничка деликвенција, како дел од проект финансиран од Британската амбасада.
15.03-23.03.2003 Балканска меѓууниверзитетска лабараторија за социјално-педагошки истражувања, финансирана од Отворено Општество. Како координатор на проектот, чија презентација се изведе во Пловдив, Бугарија.
16.07.2003-16.06.2004 Функционирање и менаџмент на граѓански услужни центри, во организација на ЕУ ФАРЕ Проектот за развој на локалната самоуправа.
2004 год. мај Младински Акционен План, Проект: Локална акција - национална стратегија (Вклучување на младите во активностите на локалните заедници во Р. Македонија).
Во 2003 година прогласена за најдобар студент на Институтот за Социјална работа и социјална политика (награда Раде Петроски).
Во 2003 година прогласена за најдобар студент на Филозофскиот факултет, Универзитет Св.Кирил и Методиј – Скопје.
Во 2004 година, награда ФЕНИКС, за постигнување во областа на науката од Општина Центар.
Диплома од Европската Унија ФАРЕ, за успешно завршување на проектот МПП/12, имплементиран од мај 2003 – јуни – 2004 година.