

Родена е на 08.10.1980 година во Скопје. Во 2001 година се запишува на Правниот факултет „Јустинијан први “ во Скопје при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј”, каде што и дипломира со просечен успех 9,40. Во 2006 се запишува на постдипломските студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ, насока Менаџмент на човечки ресурси. Студиите ги завршува со успек 9.25. Магистерската теза под наслов „Заштита на правата на работниците како значајна компонента во остварување на деловните активности на работодавачот“ ја пријавува во 2007 година и истата е одбранета на ИСППИ во Скопје, 2008 год. со што се стекнува со звање магистер по човечки ресурси. Во март 2009 година ја пријавува докторската дисертација „Начелата право на работа и слобода на работа„ на Правниот факултет „Јустинијан први “ во Скопје при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј”.
По дипломирањето работи како помлад асистент на Првиот приватен универзитет - Европски универзитет – Република Македонија во Скопје, по предметните дисциплини: трговско право, трудово право, наука за управата, административно право и службенички системи. Во јуни 2009 година е избрана за асистент на Факултетот за правни науки при истиот универзитет, по предметот трудово право.
Книга Трговско право, (заедно со проф.д-р Милан Илиески), која се користи како учебник за студентите на Факултетот за економски науки и Факултетот за правни науки при Првиот приватен универзитет - Европски универзитет – РМ, 2007;Книга Меѓународни трговски договори, (заедно со проф.д-р Милан Илиески) која се користи како учебник за студентите на Факултетот за економски науки при Првиот приватен универзитет - Европски универзитет - РМ, 2007;Стручен труд „Анализа на заштита на правата на работниците“, Зборник на трудови, Прв приватен универзитет-ЕУРМ, 2008;Mагистерски труд, „Заштита на правата на работниците како значајна компонента во остварување на деловните активности на работодавачот“, 2008;Статија „Управување со човечки ресурси – некои нормативни аспекти“, стручно списание Правник, број.193, мај 2008;