

Љубица Пендароска е родена на 25.02.1979 година во Скопје,Р.Македонија. По завршување на средното гимназиско образование, се запишува и успешно ги завршува правните студии на Правниот факултет ,,Јустинијан Први,, при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, Скопје, со висока просечна оценка, за што е наградена со сребрена статуетка за студент на генерација. Од 2007 година е студент на постдипломските студии на Правниот факултет ,,Јустинијан Први,, Скопје-насока Меѓународно право и меѓународна политика, каде работи на подготовка на магистерската теза од областа на човековите права.
Што се однесува до работното искуство, по завршувањето на правните студии во период од една година била дел од програмата за практиканти во Собрание на Р.Македонија, две години стажирала во адвокатска канцеларија, по што успешно го положила правосудниот испит, а потоа две години работела во Оддел за правни работи, Космофон АД Скопје. Покрај тоа, била ангажирана во програми на неколку невладини организации, меѓу кои и Младински образовен форум, Големи и мали, Национален демократски институт за надворешни работи и др.
Коавтор е на книгата Казнено-процесно право, Скопје 2008, која се користи како учебно помагало за студентите на Факултетот за правни науки при Европски универзитет- Република Македонија.
Добитник на сребрена статуетка за студент на генерација-Правен факултет ,,Јустинијан Први,,. Добитник е на стипендија за студенти со висока просечна оценка која ја доделува Министерството за образование на Р.Македонија за период од четири години.