
Студиската програма на Факултетот за правни науки е креирана според Болоњските стандарди за организирање на високообразовниот процес по моделот 3+2 согласно со определбите на ЕКТС. Целта е да овозможи двостепеност на наставата; воведување на семестрална настава и кредитен систем; афирмација на практичната работа со студентите; континуирано оценување; повеќе испитни сесии и колоквиуми и слично. Сите предлози во врска со студиската програма и предметните програми се понудени според предвидените нивоа на студирање (три години општи студии, а потоа предвидени насоки во рамките на двете последични години).Согласно со Болоњската декларација и ЕКТС, наставата се одвива според задолжителни и изборни предмети кои имаат свои кодови; се распоредени по семестри и степен на оптовареност и секој од нив носи определен број кредити: за еден семестар 30 кредити, за цела учебна година 60 кредити, што значи дека трите години завршуваат со 180 кредити, а за петте години се потребни 300 кредити. Во изведувањето на наставата, покрај редовно вработениот наставнички и соработнички кадар, учествуваат визитинг професори од земјата и странство, како и специјалисти од практиката во сферата на правото. Студентите посетуваат соодветни институции од овие сфери во земјата и странство, имаат задолжителни едукативни семинари, а ќе биде организирана и изведувана и задолжителна практична настава (применета програма) по одделни предмети. За практичната работа се добиваат одреден број кредити.
Студиска програма која ќе почне да се применува од учебната 2011-2012
Решенија за акредитација
Нова студиска програма која ќе започне да се применува од академската 2009-2010 год.
|
|
|
|
|
|
|
|
Студиска програма за студентите запишани во академската 2008-2009 год.
|
|