Факултети

09.09.09

Книга призната и барана во Европа, Америка и Јапонија

 

Професионалните квалитети на наставниот кадар од Првиот приватен универзитет Европски универзитет, се признаени и вон рамките на нашата држава, а стручната литература чии автори се токму професорите од оваа образовна установа се признати и барани ширум светот. Доказ за ова е и книгата на Иван Бимбиловски, продекан и професор по уставно право на Факултетот за правни науки при Европскиот универзитет во Скопје, која е издадена и во земјите од Европа, како и во Америка и Јапонија.
- Книгата спаѓа во доменот на стручна литература. Делови од ова дело кое обработува воени и вонредни состојби од споредбена уставна перспектива, беа презентирани на стручната конференција во Торонто, при што го привлекоа вниманието на издавачката куќа "Ламберт" од Келн, Германија. Откако направија преглед на целата книга, на нивно инсистирање беше донесена одлука таа да биде издадена во голем број земји, вели професор д-р Бимбиловски.

Книгата е на 480 страници. Се продава во книжарниците во речиси сите европски земји, во Америка и Јапонија, а може да се порача и преку интернет книжарниците, кои покажуваат голема посетеност. Најпозната кај нас е интернет страницата Amazon.com.

Инаку, книгата чиј оригинален наслов е "Constitutional War Powers: A Perceptual Ambiguity in VII Acts" се користи и при предавањата на Европскиот универзитет.

Доц. д-р Иван Бимбиловски своите магистерски и докторски студии по право ги завршил во Будимпешта, Унгарија, на Централно-европскиот универзитет, на Хумболт универзитетот во Берлин, Германија и Универзитетот во Торонто, Канада.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=111F31CB12CBB446A32483A786615F01