Факултет за стоматологија

Факултет за стоматологија

Факултетот за стоматологија при Првиот Приватен Универзитет – Европски Универзитет Република Македонија е насочен да ги оспособува студентите, идните доктори стоматолози, за ефикасно и на високо стручно ниво да ги применуваат своите знаења од областа на превентивата, куративата и реставративно-реконструктивната стоматолошка дејност.

За таа цел студиската програма на Факултетот за стоматологија опфаќа наставни предмети збогатени со современ, актуелен идентитет, со дозиран обем на научен опфат. Таа е растоварена од баластот на дисциплини кои што досега се изучуваа и ги оптоваруваа стоматолошките студии, а кои немаат видлив придонес во профилирање на овој кадар. Програмата ги опфаќа наставните предмети кои се предаваат и изучуваат на сродните факултети во земјите членки на Европската унија и другите развиени земји.

Вака концепираната теоретска и практична наставна програма овозможува квалитетно и ефикасно студирање што се ефектуира во профилирање на високо стручен стоматолошки кадар.

Целта на стоматологијата е да го зачува здравјето и функцијата на џвакалниот систем, како и интегритетот на усно-лицевата регија, со што се учествува во одржувањето на општото здравје и психофизичката кондиција на човекот.                    

Проф.д-р Славјанка Оџаклиевска
Декан на Факултетот за стоматологија - ЕУРМ

Презентација за Факултетот за Стоматологија