

Проф. д-р Ана Миновска е родена 21.12.1953 година во Скопје. Во 1978 година дипломирала на Медицински Факултет –Стоматолошки отсек. Специјалистичкиот испит го положила на 09.01.1983 година. 1994 година успешно ја одбранила докторската дисертација со наслов: “Компаративна евалуација на хируршките техники за вестибуларна екстензија на прикрепената гингива”.
Во 1981 година се вработила во Здравствениот Дом во Скопје, а во 1984 година e примена како клинички лекар на Клиниката за болести на устата при ООЗТ Стоматолошки Клинички центар на Стоматолошкиот Факултет при УЦМН во Скопје. Во 1985 е избрана за асистент по предметот Орална патологија со пародонтологија на Стоматолошкиот Факултет во Скопје, а во 1988 година реизбрана за истиот предмет. Во доцент на истиот факултет е избрана во 1995 година, а во вонреден професор во 2000 година. Во 2005 година е избрана на Стоматолошкиот Факултет, Скопје во редовен професор. Во ноември 2010 година е реизбрана во редовен професор по група предмети од областа Болести на устата и пародонтот на Факултетот за Стоматологија при Европски Универзитет, Република Македонија.
Има објавено голем број на трудови. Учебници: Ставревска Миновска Ана "Професионализам и тимска работа", Скопје, Стоматолошки Факултет, 2004; Ставревска Миновска Ана, Пандилова Маја, Ивановски Кире “Орална хигиена”, Скопје, Стоматолошки факултет, 2005; Миновска Ана “Пародонтопатија”, Скопје, Стоматолошки Факултет, 2008. Научно – истражувачки и меѓународни проекти: Миновска Ана. КМЕ програмата за лекари и стоматолози од примарната здравствена заштита. Министерство за здравство- проект за унапредување на здравствениот сектор финансиран од Светската банка/2005; Миновска Ана. Intensifying of the corporation, education and research between the dental faculties in South Eastern Europe. Dental Implantology in South Eastern Europe” supported by DAAD,Germany/2006