

Проф. д-р Хасан Мехмети е роден на 18.10.1946 година, Шутово, Кичево. Средно образование завршил во гимназијата во Приштина, природно математички смер. Дипломирал 1973 година на Медицинскиот Факултет, Стоматолошки Отсек, Скопје. Специјализирал на Ортопедија на вилици на Стоматолошкиот Факултет во Скопје, 1980 година. На постдипломски студии се запишал во Сараево на Медицинскиот Факултет, 1982 година и успешно ја одбранил магистерската теза со наслов: “Поремеќаји на зубном низу након губитка првих сталних молара у току развоја”, 1986 година. Во Сараево на Стоматолошкиот Факултет во 1991 година ја пријавува докторската дисертација со наслов: “Ефектот на делувањето на простагландин Е-2 на ортодонтското померување на забот.” , а во 1995 година успешно ја одбранил.
Работел во Медицински центар Кичево, Здравствен Дом Приштина, Медицински Факутет Стоматолошки отсек Приштина, ПЗУ Стоматолошка ординација Кичево, ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар св. Пантелејмон Скопје. Од 2011 година е реизбран за редовен професор на Факултетот за Стоматологија при Европски Универзитет – Република Македонија, Скопје.
Автор и коавтор е на 75 труда.