Факултет за стоматологија

Крсте Деjаноски

Д-р Крсте Дејаноски, d-r sci.
Продекан, Редовен професор
Канцеларија:
209, прв кат
Телефон:
+389 2 3202 064
E-mail:
krste.dejanoski@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Проф. д-р Крсте Дејаноски е роден на 18.09.1947 година во с.Речани – Кичевско. Стоматолошкиот факултет го завршил во 1980 година на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје , со среден успех 8.41. Специјалистички испит положил во 1987 и се здобил со звање  специјалност по  Стоматолошка протетика.
Докторска дисертација, одбранил во 1993 година. Во звањето асистент по предметот Мобилна стоматолошка протетика прв пат е избран во 1985 година, за доцент во 1995, а вонреден професор во 2000 година. За редовен професор е избран во 2005 година, а во 2007 година е избран за редовен професор по група предмети.

Работно искуство

Проф. д-р Крсте Дејаноски во јуни 1982 се вработил на Клиниката за мобилна стоматолошка протетика, при Стоматолошкиот факултет во Скопје. Во повеќе мандати бил раководител на Катедрата и раководител  на  Клиниката за мобилна стоматолошка протетика, бил член на Сенатот на Универзитетот “Св Кирил и Методиј”, а учествувал и во други раководни тела на клиниката и факултетот за што има добиено повеќе награди и признанија. Од ноември 2008 година e вработeн како редовен професор по група предмети од областа на протетика на Факултетот за стоматологија при ЕУРМ.

Трудови и публикации

Ментор е на повеќе семинарски трудови, дипломски, магистерски, специјализации и докторски дисертации. Учесник на четири научноистражувачки проекти и во едициите “ЗА СТОМАТОЛОШКАТА БОЛКА “, во издание на Стоматолошкиот клинички центар и учебникот “КЛИНИКА НА ТОТАЛНО ПРОТЕЗИРАЊЕ” во издание на EIN.SOF Скопје. Како автор и коавтор учествувал на бројни конгреси, семинари и други манифестации, при што презентирал и објавил  повеќе од 96 трудови.

Награди и признанија

Проф. д-р Крсте Дејаноски има долгогодишна активност во Македонското лекарско друштво, Здружението на стоматолозите од Македонија и Здружението на докторите специјалисти по стоматолошка протетика од Република Македонија со што дал голем допринос во развојот на стоматолошката дејност во Републиката.