

Проф. д-р Славјанка Оџаклиевска е родена на 13 ноември 1946 година во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала во 1971 година на Медицинскиот факултет, оддел стоматологија. Во 1975 година специјализирала на Клиниката за болести на забите и устата во Скопје. Постдипломските студии ги завршила на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1980 година и се здобила со звањето магистер по стоматолошки науки од областа на дентална патологија и терапија на тема “Микробиолошки наод на преостанатиот дентин при Caries profunda complicata по претходна тераписка постапка“. Во 1990 година ја одбранила докторската дисертација под наслов “Проценка на реактивната и реверзибилната способност на забната пулпа при Caries profunda complicata“ на Стоматолошки факултет во Скопје.
1972 - 1973 година работи на Клиника за дентална патологија и терапија при Стоматолошкиот клинички центар во Скопје како стипендист на Републичкиот секретаријат за координација на научните дејности.
Во 1973 е вработена како клинички лекар на истата клиника. За помлад асистент на Стоматолошкиот факултет во Скопје на Катедрата за дентална патологија и терапија избрана е во 1976 година, а во 1979 за асистент. Во 1991 година е избрана за доцент, 1997 за вонреден професор, а 2001 за редовен професор.
Во 2008 година е вработена на Европскиот универзитет.
1992 - 1994 Претседател на Комисија за постдипломски студии при Наставно-научниот совет на Стоматолошкиот факултет.
1992 - 1996 - член на Извршен одбор на Лекарска комора на Македонија.
Од 1995 член на Редакциски одбор на часописот “Македонски стоматолошки преглед”
1996 - 2000 - претседател на Комисија за етички прашања при Стоматолошка комора на Македонија
1999 - 2001 - советник на директорот на ЈЗО Стоматолошки клинички центар
2003 - 2007- управник на Клиниката за дентална патологија и терапија
2004 - 2007 - заменик директор на Стоматолошки клинички центар
2008 - советник на директорот на Стоматолошки клинички центар
1972-1974 - Проект “Предности на виталната екстирпација на пулпата”, финансиран од Републичкиот секретаријат за координација на научни дејности.
1980 - 1982 атестирања за композитните материјали Concise за фирмата Белупо, Словенија и Силар за Југохром-медицинска пластика, Тетово
1999 - Стручен престој во Ибердон, Швајцарија кај проф. Bernard Cuicchi за нови тераписки методи во ендодонцијата.
2005 - Едукатор на проектот за КМЕ (континуирана медицинска едукација) на Македонија на Министерството за здравство на Р. Македонија финансиран од Светска банка.
2006 - Проект со меѓународно учество - Министерство за образование и наука со Стоматолошки факултет и Универзитет Аристотелис - Солун.
Ментор на магистерски и докторски дисертации.
До сега има објавено 93 стручни и научни трудови објавени во домашни и странски публикации и два учебника: Стоматолошка фармакологија и Клиничка ендодонција.
1989 - Повелба во знак на признание за успешна работа и придонес во основањето и извршувањето на задачите на Стоматолошкиот факултет, по повод одбележувањето на неговата 30-годишнина;
1991 - Диплома за придонес и ангажирање во работата на Сојузот на здруженијата на лекарите од Македонија;
1993 - Плакета за значаен придонес во остварувањето на целите и задачите на Македонското лекарско друштво;
1998 - биографијата е објавена во Marquis-овата едиција Who is Who in the World
1999 - Плакета по повод 40-годишнината од основањето на Стоматолошкиот факултет во Скопје.