Факултет за стоматологија

Владо Ванковски

проф. д-р Владо Ванковски
Вонреден професор
Канцеларија:
Телефон:
+389 2 3202 190
E-mail:
vlado.vankovski@eurm.edu.mk

Кратка биографија

 

Ванковски Крсте Владо, роден во Скопје 17.05.1960 год. Специјалист по стоматолошка протетика, одбранет специјалистички труд на ниво на магистериум и доктор на стоматолошки науки.

Средно образование (гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“) завршено во Скопје, со одличен успех. Во учебната 1978-79 год. запишан на Стоматолошки факултет во Скопје каде дипломира со среден успех 8,20 во 1984 год. Следната година вработен на ООЗТ Стоматолошки Клиники.

Во 1990 година добиена специјализација по стоматолошка протетика, 1993 стекнува звање – специјалист по стоматолошка протетика.

По положени сите испити од постдипломските студии одбранет  во 2001 год. специјалистички труд под наслов: „Компаративна анализа на забалото со помош на Периотест кај интактни природни заби, ендодонтски третирани и заби со протетско помагало.“

Одбранета докторска дисертација под наслов: „Стрес апсорбен како додаток на дистално поставен имплант-носач на фиксно протетичка конструкција“, 2005 година.

 

Работно искуство

 

Од 1985-2010 вработен на ООЗТ Стоматолошки клиники.

Од 2011 вработен на Факултет за стоматологија - ЕУРМ

Трудови и публикации

 

Публикувани трудови во земјава и во странство (44), одржани многу пленарни предавања на симпозиуми со меѓународно учество во земјава и во странство.

Автор на две учебни помагала „Супраструктури над импланти (македонско-англиски)“, 2005 година; Дентална имплантологија“, 2010 година

Награди и признанија

 

Благодарница – Стоматолошки факултет за придонес и извршување задачи на факултетот;

Благодарница – Македонско лекарско друштво;

Плакета - Македонско лекарско друштво;

Цитиран – American Biographical Institute;

Сребрена плакета – Стоматолошки факултет – 50 години;

Почесен член – Стоматолошка комора на Хрватска;

Почесен член – Стоматолошка комора на БиХ.