Факултет за стоматологија

Елена Радевска

Елена Радевска, m-r sci.
Помлад асистент
Канцеларија:
206, прв кат
Телефон:
+389 2 3202 124
E-mail:
elena.radevska@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Елена Радевска дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Во периодот од февруари до јули 2007 година стажира на Стоматолошкиот клинички центар ,,Св.Пантелејмон”- Скопје. По положувањето на државниот испит во септември 2007 година се стекнува со работна лиценца. Во учебната 2008/2009 се запишува на последипломски студии од областа Здравствен и фармацевтски менаџмент на ЕУРМ каде магистрира на темата „Влијание на промотивните активности врз свесноста за оралното здравје“.

Работно искуство

По дипломирањето  волонтира на Клиниката за орална хирургија во Битола, а по полагањето на државниот испит својата стоматолошка пракса ја усовршува во Србија, како доктор стоматолог во Приватна специјалистичка ординација по протетика ,,ЛИДИМ”. Во септември 2008 работи како носител на дејност во ПЗУ ,,Нико-медика”, Битола. Во учебната 2008/2009 е избрана за соработник на Факултетот за стоматологија при ЕУРМ.

Трудови и публикации

Во текот на студиите зема активно учество на 11-тиот и 12-тиот Меѓународен научен конгрес на студенти по стоматологија како автор на темите: ,,Биофункционални карактеристики на ТМЗ кај пациенти со тотална беззабост ” и  „Можни компликации кај пациенти со фиксна ортодонтска терапија”. Својата едукација ја продолжува и после студиите со учество на бројни конгреси и семинари со домашно и меѓународно учество.