

Соња Дејаноска е родена на 23.02.1980 година во Скопје. Средно образование завршила во МУЦ „Д-р Панче Караѓозов “ во Скопје, насока забен техничар. Дипломира на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2005 година со среден успех 9,22. По обавениот стаж на Стоматолошкиот клинички центар „Св.Пантелејмон” го полага стручниот државен испит и се стекнува со лиценца за работа. Во 2006 година се запишува на магистeрски студии на Стоматолошкиот факултет во Скопје од областа на стоматолошката протетика. Истата година се запишува на специјализација по стоматолошка протетика на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Во април 2009 го полага специјалистичкиот испит и се стекнува со звање специјалист по стоматолошка протетика.
По студиите во периодот од 2006-2008 своето работно искуство како стоматолог го надополнува во ПЗУ.,,Дентал Интернационал - Дејаноски”.
Во учебната 2008/2009 година е избрана за соработник на Факултетот за стоматологија при ЕУРМ.
Активно учествувала на 9-тиот Меѓународен конгрес на студентите по стоматологија во 2002 година, како и на 9-тиот Конгрес на Балканското стоматолошко друштво во 2004 година. Своето стекнато знаење континуирано го надополнува со присуство на повеќе конгреси, курсеви, семинари и симпозиуми со домашно и меѓународно учество како: учество на Трет стручно-едукативен симпозиум со меѓународно учество, учество на постедукативен курс од областа на протетика - „Оклузија”, учество на семинар „Естетика во стоматологија”, презентација „Фактори и тајни на клинички успеси во Естетската стоматологија”, учествo на курс „Современи аспекти во стоматологија”, учество на курс за импланти од B&B dental и Италијанската Академија за Имплантологија.