
На Факултетот за стоматологија при ЕУРМ се организираат универзитетски студии од прв циклус. Универзитетските студии од првиот циклус се во времетраење од 5 години и со нивното завршување се стекнуваат 300 EКТС кредити. Студентот кој ги завршил универзитетските студии од прв циклус, се стекнува со диплома и академско звање доктор по стоматологија.
Нашата образовна институција има за цел студиите по стоматолошки науки да ги реализира со наставни содржини збогатени со новите достигнувања во современата стоматолошка наука. Студискиот програм е усогласен и функционално поврзан според условите и критериумите на болоњскиот процес на воведување европски кредитен трансфер систем на студирање (ЕКТС). Клиничката настава за студентите по стоматологија се изведува на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Проф. д-р Бојо Андрески“. Студиската програма на Факултетот за стоматологија е акредитирана од Одборот за акредитација на високото образование при Министерството за образование и наука на Р. М со решение број 15-149/7.