Идни студенти

Начин на студирање

Начин на студирање на Првиот Приватен Европски Универзитет – Република Македонија

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ
Академската година на факултетите на Европскиот универзитет Република Македонија започнува на 15-ти септември, со свечена манифестација: “Традиционален прв академски час” каде студентите се запознаваат со најважните информации во врска со академската година, се доделува стипендијата “Борис Трајковски” и пофалници за најдобрите студенти од претходната година кои постигнале просек на оценки 10,00.

ЗАПИШУВАЊЕ СЕМЕСТРИ
Секоја академска година се состои од два семестри и тоа – зимскиот семестар што студентот го запишува од 15-ти до 30-ти септември, а летниот - од 15-ти до 20-ти февруари.
Меѓу зимскиот и летниот семестар студентите имаат распуст во траење од 16-ти јануари до 15-ти февруари.

ЗАВРШНО ОЦЕНУВАЊЕ
Предметите се едносеместрални (предмети во зимски семестар и предмети во летниот семестар). Наставата се одвива согласно Европскиот кредит-трансфер систем. Проверката на знаењето се одвива по пат на континуирано оценување, преку колоквиуми во колоквиумските недели распоредени во зимскиот и во летниот семестар. (Колоквиумите се полагаат по реализирана настава од четири недели).

По трите успешно завршени колоквиуми кандидатот добива завршна оценка за предметот која во себе ги содржи следниве елементи:

  • поени од трите колоквиуми,
  • редовност на следење на наставата,
  • интерактивност во наставниот процес,
  • есеј, стручен труд и сл.

ПРИЈАВУВАЊЕ КОЛОКВИУМИ И ИСПИТИ
Пријавувањето на колоквиумите се врши две недели пред да се одржуваат колоквиумските недели, со пријава и уплатница од 5 евра (денарска противвредност). Кандидатите имаат можност предметите да ги полагаат и преку испити. Пријавувањето на испити се врши од 1-ви до 5-ти во месецот. За пријавување испит, студентот носи пријава и уплатница со уплатени средства во висина од 10 евра во денарска противвредност. По 10-ти во месецот кандидатот не може да пријави испити за полагање.

Пријавувањето на испитите и колоквиумите се врши преку компјутерска програма или преку интернет, но со задолжително доставување пријава за полагање. Секој студент си има своја идентификациона шифра.

Завршното оценување се врши во февруари, јуни. Наставно – научниот совет со посебна одлука може да одреди и други испитни сесии.

За ненавремено исполнување на испитните обврски, следуваат дополнителни финансиски надоместоци.

Условна сесија е септемвриската испитна сесија, до кога студентите треба да ги положат сите испити од претходната година. Доколку заклучно со септемвриската испитна сесија студентите не ги положат сите испити, плаќаат парична казна во висина од 10 проценти од износот на школарината за 1, а 20% за два неположени испити и во висина од 30 проценти за три (3) и повеќе неположени испити.

За студентите кои избрале предметите да ги полагаат преку испити, а не преку колоквиуми, полагањето на испитите почнува по ислушувањето на предметите и завршувањето на семестарите во февруарска и јунската испитна сесија. Во овие сесии се добиваат и завршни оценки за студентите кои успешно ги положиле трите колоквиуми.