
Управниот одбор при Првиот Приватен Универзитет Европскиот универзитет - РМ, традиционално ја доделува стипендијата “Борис Трајковски“ на најдобрите студенти.
Стипендијата се доделува по пат на конкурс. Комисијата, составена од пет члена од Универзитетот која ги разгледува пријавите само на кандидатите со просек 10,00 со положени испити во јунска сесија. Право на конкурирање имаат сите студенти со највисок просек (10,00), по завршена прва академска година со положени испити заклучно јунската испитна сесија. Се доделува по една стипендија за најдобриот студент од секоја година поединечно (2-ра и 3-та година).
Студентот кој еднаш ја добил стипендијата, доколку и следната академска година ги исполнува критериумите може повторно да конкурира за стипендијата “Борис Трајковски“ и на тој начин рамноправно да учествува со останатите кандидати во постапка за доделување на стипендија.
Општите и посебните критериуми за доделување на стипендијата регулирани се со посебен акт на Универзитетот.
Покрај стипендијата на Борис Трајковски, студентите од нашиот Универзитет имаат право рамноправно да конкурираат за стипендии кои ги доделува Министерството за образование, врз основа на нивните пропишани услови.