Идни студенти

Уписи и услови

Услови и Уписи за студирање на Првиот Приватен Европскиот Универзитет – Република Македонија

Право на запишување на факултетите на Првиот Приватен Универзитет Европски Универзитет-Република Македонија, имаат кандидати со завршено средно четиригодишно образование, во средни училишта верифицирани со акт од Министерството за образование и наука, како и кандидати, кои од надлежното министерство имаат нострифицирано странска диплома во ранг на четиригодишно образование. Запишувањето се врши по пат на конкурс.

ДОКУМЕНТИ
Потребни документи за конкурирање се:

  • Сведителства од четирите години средно образование (оригинал);
  • Диплома за завршено средно образование;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Уверение за државјанство;
  • Четири фотографии.

 

Студиите на Европскиот универзитет се со самостојно финансирање. Плаќањето на годишната школарина и другите меѓусебни обврски и права на студентот и Универзитетот се уредуваат со Договор за студирање, кој се склучува по објавување на конечната ранг-листа на примени студенти.

ТРОШОЦИ ЗА СТУДИРАЊЕ

Годишни надоместоци:

  • 2.000 евра - школарината за една академска година
  • (односно 3.000 евра - за Факултетот за стоматологија) во денарска противвредност,
  • 7.280 денари - пакет учебници за студиската година и
  • 600 денари - студентска организација
  • 400 денари - ИСИК студентска картичка
  • 300 денари – осигурување


Еднократни трошоци:

  • 5.200 денари - униформа, која студентите се обврзани да ја носат во текот на студиите.
  • 1.000 денари - индекс.
  • 1.000 денари - картичка за идентификација и влез на Универзитетот.
  • 14.200денари - спортска опрема (само за студентите на Факултетот за детективи и криминалистика),
  • 1000 денари - стоматолошки мантил (само за студентите на Факултетот за стоматологија).
  • 6.790 денари - полагање дипломски испит, одбрана пред комисија.