Настани

09.09.09

Прв академски час и почеток на академската година

 


Првиот академски час на Европскиот Универзитет - Република Македонија ќе се одржи во Среда, 30.09.2009 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје со почеток во 12 часот.

Дипломираните студенти, покрај на македонски имаат можност да ги добијат уверенијата и дипломите преведени на англиски јазик, за што постои соодветна одлука и предвидена процедура која ја реализира Студентската служба на Универзитетот (контакт телефон 02/ 3202111).

Официјалниот почеток на академската година ќе биде Четврток, 01.10.2009 година, според веќе подготвени и објавени распореди за прв и втор циклус на студии за сите факултети на Универзитетот.