
На 08.04.2011 година Факултетот за информатика при ЕУРМ се здоби со решението со кое се акредитираат тригодишните студиски програми за трет циклус докторски студии по Информатика.
Факултетот за Информатика при Европскиот Универзитет е првиот приватен факултет во Република Македонија со акредитирани студиски програми на третиот циклус докторкси студии. Ова е несомнено признание за квалитетот на наставата и наставниот кадар на Факултетот за Информатика.