
ЕКСКЛУЗИВНА МОЖНОСТ НА ЕВРОПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ: ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ И СТИПЕНДИИ
Студентите кои за академската 2011/2012 година првпат ќе се запишат на Европскиот Универзитет на I и II циклус, односно бруцошите и постдипломците од IV и V година, школарината ќе можат да ја платат на 8 рати.
Ова е ексклузивна можност што ја нуди Европскиот Универзитет како дел од пошироките напори и чекори за создавање што е можно подобри и поприфатливи услови за стекнување високо образование, односно за магистерски титули.
Поволноста се овозможува и од хумани причини со оглед на фактот што светската финансиска криза предизвика негативни последици врз економската моќ на семејствата.
Попрецизни информации идните студенти, нивните родители, и сите заинтересирани можат да добијат кај стручните служби на универзитетот и кај деканските управи на факултетите.
Со ова само уште еднаш се потврдува веќе етаблираниот статус на еурм како лидер во приватното високо образование во земјава и во образовниот процес воопшто.
Освен, спомнатата мерка за плаќање на школарината на 8 рати за студенти од I година, и за студенти од IV и V година од вториот циклус, кои првпат се запишуваат на соодветните студии, Eвропскиот Универзитет продолжува и со доделувањето стипендии во износ од 500 евра за бруцошите, односно 1000 евра за постдипломците.
На овој начин, Европскиот Универзитет, единствен во земјата, ги нуди ексклузивните услови и можности да доделува стипендии за своите студенти и да овозможува плаќање на школарината на рати, со што им излегува во пресрет на сите заинтересирани во видно поволни околности да го продолжат своето образование и да ја градат својата професионална и животна кариера.