Новости

20.07.11

Факултетот за Информатика доби донација од најголемиот производител на графички картички NVidia




 Факултетот за Информатика доби донација од најголемиот производител на графички картички NVidia.Донацијата се состои од две графички картички GeForce GTX 480 и четири книги за паралелно програмирање на CUDA архитектура. GeForce GTX 4800 има 480 процесорски јадра и 1536 MB GDDR5 меморија.

NVidia ја прифати апликацијата за академство партнерство поднесена од професор д-р Тони Стојановски за подршка на проектот “Примена на паралелно програмирање во воведување финансиски деривати во берзите од Југоисточна Европа”.

Донираната опрема ќе биде искористена од истражувачкиот тим во кој учествуваат професори, соработници и магистранди од Факултетот за Информатика и Факултетот за Економски Науки, а кој истражува во научната област “Примена на паралелно програмирање во финансии”.