
Можност за плаќање на рати!
Европскиот универзитет РМ со нови ексклузивни поволности за студентите - отсега високото образование ќе можат да си го плаќаат на рати! Обезбедени се посебни поволности за плаќање на школарината и за идните бруцоши, како и за веќе запишаните студенти од прв и втор циклус на студии, што ќе претставува значајно олеснување за студентите во финансирањето на сопственото образование.
Се договара со банки кои многу лесно би им овозможиле на родителите да добијат кредити, со кои многу ќе им се олесни студирањето, посебно во овие тешки економски моменти. Преговорите се со речиси сите банки, а посебно со Комерцијална банка. Со овој потег многу од нив полесно ќе дојдат до кредити со поволни камати.
Студентите ќе можат да ги плаќаат своите обврски на рати, најверојатно на 10 или 12 рати, се разбира со можност за продолжување на кредитирањето и во наредните години на студирање.
Ќе се обезбедат услови за полесно и побрзо добивање на картичките кај банките со кои има договори за соработка. Нашето мото дека ние постоиме за студентите, го оправдуваме со овој чекор.
Условите за добивање на кредитната картичка и начинот на отплата го договара студентот со банката која ќе ја избере.
Оваа можност важи и за тековните студенти доколку плаќањето на рати го регулираат до 15-ти Јули 2010.
Дополнителни информации може да се добијат во Студентската служба на ЕУРМ. Телефони за контакт: (02) 3202111, 3202020.