Новости

03.05.11

Првата награда на конкурсот за дизајн во рацете на ФАД-ЕУРМ



Во средата 27.04.2011 во хотелот Александар Палас во Скопје на студентката Ирина Јанковска од Факултетот за арт и дизајн ѝ беше доделена првата награда за дизајн на торба за пазарење, организиран од Холандската амбасада и Тинекс. Наградата ѝ ја врачи амбасадорката на Холандија Симоне Филипини, а меѓу првите што ѝ честитаа беа и менторката на нејзиниот проект доц. Гордана Вренцоска и проф. д-р Мирче Кокалевски, деканот на Факултетот за арт и дизајн.

На настанот во Александар Палас, организиран по повод роденденот на холандската кралица Беатрис, учествуваа уште тројца студенти од Европскиот универзитет кои се претставија со свои дизајни во рамките на акцијата „Мода - направи сам“: Орнела Јордановска, Ивана Јовановска и Ненад Симоски. Тие соработуваа со своите ментори доц. Гордана Вренцоска, доц. Јовица Мијалковиќ и асс. Маја Димовска и изработија одлични креации од рециклирање на употребувани предмети.

Галерија од настанот