Новости

01.04.11

Студент на ФАД со нов плакат за филмот Clockwork Orange на Stanley Kubrick




Иван Дургутовски е студент на прва година во вториот циклус на студии на Факултетот за арт и дизајн на насоката графички дизајн на ЕУРМ. Во текот на додипломските студиите Иван со своето талент, залагање и создадени дела покажа дека е роден графички дизајнер .

Како посебен успех треба да се напомене неговото учеството на изложбата посветена за култниот режисер Стенли Кјубрик организирана од Кинотеката на Франција, која се одржува оваа година од 23 март до 31 јули во Париз.

Дургутовски на оваа  изложба се претставува со плакат за филмот „Пеколен Портокал” на Кјубрик. Овој плакат е работен на тема филмски плакат по предметот Дизајн на плакат и амбалажа кај доц. Игор Сековски.

Линк кон плакатот