Публикации и активности

    Публикации и активности

    Во рамките на својата дејност и успешна работа и активност, Првиот Приватен Универзитет - Европски Универзитет - Република Македонија исто така развива и потпомага најразлични публикациски активности. Управата на Првиот Приватен Универзитет - Европски Универзитет - Република Македонија донесе oдлука да ги поддржи сите вработени на Универзитетот во нивното идно усовршување и развој со цел да постигне поголема ефикасност на полето на науката и истражувањето. Поради тоа, сите дипломски работи, магистерски трудови и докторски дисертации, како и научните трудови со кои се учествува на различни симпозиуми и семинари, годишните зборници, заедно со сите пишани материјали приготвени од униврезитетскиот кадар се публикуваат од страна на Првиот Приватен Универзитет - Европски Универзитет - Република Македонија. Универзитетската публикациска дејност ги вклучува најуспешните проекти спроведени од страна на нашите најистакнати студенти.

    Првиот Приватен Универзитет- Европски Универзитет- Република Македонија секоја година учествува на саемот за високо образование што се одржува на Скопскиот Саем, со цел да ги запознае идните студенти и матурантите со своите активности, дејности и предности во однос на останатите универзитети. Првиот Приватен Универзитет - Европски Универзитет - Република Македонија спроведува најразлични промотивни активности, од типот на доделување најразлични стипендии како за додипломски, така и за постдипломски студии, спроведување на пропагандна кампања на различни медиуми на национално ниво, односи со јавноста кои ги запознаваат идните и постојните студенти со новитетите  што се случуваат на Универзитетот.

     

    Европски Електронски Магазин (ЕЕМ)

     

    Списание КОД

    КОД 2010

    КОД 2009

     

    Година 2011

    Годишник на трудови 2011

    Година 2010

    Годишник на трудови 2010