
Факултетите при Европскиот универзитет се во постојан контакт со останатиот деловен свет со цел да им овозможат на студентите соодветно да ги задоволат потребите на компаниите кои регрутираат идни менаџери. Центарот за кариера обезбедува соработка со бизнис секторот и ги упатува студентите на практична работа, ги следи информациите за стипендии, а по завршување им нуди помош при вработување и го следи нивниот развој во кариерата.
Со тоа се отвораат несогледливи можности секој студент да го тестира своето теоретско знаење и истото да го примени и практично во разни домашни и странски компании, не само во Македонија, туку и во странство.
