
Студент на Европскиот Универзитет може да биде секој заинтересиран кандидат што има завршено четири годишно средно образование. Запишувањето ќе се врши по пат на конкурс без полагање приемен испит. Селекцијата ќе се врши по пат на прелиминарни листи, каде 60 проценти се зема предвид успехот од средното образование и 40 проценти оцените од предметите кои се важни за факултетот на кој се конкурира.
Времетраењето на студиите е три години во додипломската фаза и две години во фазата за последипломски студии. Вкупно пет години.
Сведителства од четирите години средно образование (оригинал);
Диплома за завршено средно образовани (оригинал);
Извод од матична книга на родените;
Уверение за Државјанство;
2. Дали испитите што ги имам положено на друга високообразовна институција во земјата и странство ќе ми бидат признати при запишување на Европскиот Универзитет?
Европскиот Универзитет обезбедува компатибилност со развиените образовни системи во Европа користејќи ги предностите во реализирање на наставата преку моделот на Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) за признавање на дипломите, во согласност со Болоњската декларација од 1999 година.
ЕКТС кредитите го претставуваат волуменот на работа што студентот мора да го реализира за да го положи испитот. Тоа значи дека секој предмет носи одреден број кредити (поени) кои можат да се префрлуваат на друг домашен или странски факултет кој работи според овој модел и обратно. Тоа значи дека дека доколку станува збор за компатибилна програма ќе ви ги признаеме само оние испити кои се компатибилни со нашите.
3. Во што се разликува новата 3+2 програма од досегашната и што добивам со неа?
4. Дали мојата диплома е призната во земјата и странство?
Европскиот Универзитет е Прв домашен приватен универзитет акредитиран од Одборот за акредитација на Република Македонија на 01.06.2005 година.
По успешно завршените студии и одбраната дипломска работа, секој кандидат добива диплома со еднаква важност како кај државните факултети.
Но, она што е особено важно е дека Факултетот за економски науки при Европскиот универзитет од неодамна стана асоцијативна членка на интернационалната акредитација IACBE, со што секој редовен студент на овој факултет добива интернационално призната диплома.
5. Кои се и колкави се годишните трошоци за студирање?
За да станете дел од Европскиот универзитет - Р. Македонија потребно е да ги подмирите следните трошоци:
1. Еднократни трошоци при запишување на Универзитетот:
1.000 денари за индекс (2 големи и 2 мали фотографии);
1.000 денари за картичка за индентификација при влез на Универзитетот;
5.200 денари за униформа која студентите се обврзни да ја носат во текот на студиите;
2. Трошоци при запишување на секоја академска година поединечно:
7.280 денари за набавување на комплетот книги за една академска година
Останати трошоци:
600 денари за Студентска организација;
400 денари за ISIC студенска картичка за попусти во земјата и во странство;
10 евра (денарска противвредност) студентите уплатуваат за секој испит поединечно, односно 5 евра (денарска противвредност) за секој колоквиум поединечно;
50 евра (денарска противвредност) за проектна задача.
6. Како се извршува уплатата на испитите и школарината?
Секој студент е должен до 15 јули пред почетокот на академската година да го плати вкупниот износ на школарината. Доколку студентот не го плати инзносот во рок од еден месец тогаш тој мора да плати казна од 20% од вкупниот износот на школарината. Ако до 15 Август студентот не ја уплати школарината, тогаш му престанува статусот студент на Европскиот Универзитет.
Доколку испитот се полага во месечната сесија уплатата на испитите се врши тековниот месец од 1-5 во износ од 10 евра (денарска противвредност). Доколку студентот задоцни со уплатата, може да го пријави испитот од 5 - 10 во месецот но со уплата од 15 евра (денарска противвредност). По десетти во месецот студентот нема право да пријави испит.
7. Дали професорите ми се достапни за додатна консултација?
На Европскиот Универзитет континуирано создаваме атмосфера која со целата своја сила се фокусира на студентот. Приодот кон студентот е индивидуален, личен, низ работа во мали групи и директен контакт со професорот. Професорите и асистентите континуирано ги следат активностите на студентите и нивната работа за време на часовите од самиот почеток, па се до крајот на студиите.
Во текот на школувањето, особено се внимава на тоа секој студент да се стекне со најквалитетни знаења од областа што ја изучува. Професорите и асистентите се на располагање во текот на целиот работен ден за секакви прашања, консултации и објаснувања што му се потребни на студентот.
8. За кои видови на стипендии и други видови на финансиска помош имам право да се пријавам во текот на студиите?
Во знак на благодарност кон несебичната поддршка што постојано ја добивавме од починатиот претседател на Република Македонија, г-динот Борис Трајковски, со одлука на Управниот Одбор при Европскиот Универзитет, традиционално се доделува стипендијата "Борис Трајковски".
Стипендијата се доделува по пат на конкурс на кој право за аплицирање имаат само кандидатите со просек 10,00 кои претходната академската година ја завршиле заклучно со јунската испитна сесија. Стипендијата се доделува на најдобриот студент за секоја академска година поединечно, почнувајќи од втората година на студии.
Студентот кој еднаш ја добил стипендијата и кој и следната година ги исполнува критериумите, има право повторно да конкурира за стипендијата "Борис Трајковски". Општите и посебните критериуми за доделување на стипендијата регулирани се со посебен акт на Универзитетот. Конечната одлука за доделување на стипендијата ја носи Комисија, составена од пет члена на Универзитетот и еден почесен член од фондацијата "Борис Трајковски".
9. Дали е задолжително моето присуство на семинарите?
Во текот на една академска година студентите посетуваат два задолжителни едукативно-работни семинари (во првиот и во вториот семестар) надвор од матичниот град или држава во траење од седум (7) календарски дена. Целокупните трошоци за семинарите ги сноси секој студент поединечно. Доколку студентот не е во можност да ги посетува семинатите тогаш заколжително изработува и брани проектна задачиа во строго дефинирани термини двапати во текот на една академска година. Проектната задача се брани пред комисија и е услов за полагање испити во следните испитни сесии. За пријава на проектната задача, студентот е должен да уплати 50 евра.
10. Дали имам право да ја користам лабораторијата во текот на целиот ден?
Во составот на универзитетската зграда се наоѓаат четири исклучително добро опремени компјутерски лаборатории кои се приклучени на 24 часовна интернет конекција и се во функција на студентите, наставниците и административниот кадар во текот на целиот работен ден.
11. Дали Европскиот Универзитет ми нуди можност за вработување и практична работа?
Европскиот Универзитет - Република Македонија им нуди можност за вработување и практична работа на своите студенти. Како важен елемент на Универзитетот е Центарот за кариера , кој обезбедува соработка со бизнис секторот и ги упатува студентите на практична работа, ги следи информациите за стипендии, а по заврШување на студиите им нуди помоШ при вработување и го следи нивниот развој во кариерата. Центарот за кариера е во постојан контакт со останатиот деловен свет со цел да им овозможат на студентите соодветно да ги задоволат потебите на домаШните и странските компаниите кои регрутираат идните менаџери.
12. Дали студентите можат да набавуваат храна во рамките на Универзитетот?
Во рамките на Универзитетската зграда функционира современо опремено студентско бифе кое стои на располагање на студентите во текот на целиот ден. Времето меѓу часовите и паузите студентите можат да го искористат за оброк, муабет или утринско кафе.
13. Дали универзитетската зграда е безбедна?
Во универзитетската зграда, инсталирана е специјална опрема за заштита која опфаќа систем на контрола и идентификација, систем за видео надзор и систем за противпожарна заштита. Секој студент и вработен на Универзитетот е должен при влез и излез во универзитетската зграда со себе да носи картичка за идентификација со која преку специјален компјутерски ситем се идентифкува.