Студенти

Студентски Весник КОД

Студентскиот весник КОД е гласило на студентите на Европскиот Универзитет. Преку него студентите имаат можност да ги искажат своите ставови и мислења. Студентскиот весник има за цел да ги информира студентите за активностите кои се случуваат на Европскиот Универзитет, за случувања во државата кои имаат влијание на нивниот студентски живот како и за учеството на претставници на Европскиот универзитет на одредени национални и меѓународни настани. Исто така, весникот содржи голем број на едукативни содржини и неформални забавни содржини.