
Непосредното остварување на административни, организациски и тековни активности поврзани со студирањето, се одвива преку Службата за студентски прашања. Преку оваа служба, тече пријавувањето и запишувањето на студентите, односно доставувањето на документацијата потребна за запишување.
Насоките и контролата на редовноста, непосредноста, техничката организација и регуларноста на овие активности се во непосредна обврска на оваа служба и тоа: пријавување колоквиуми, испити, стручни трудови, есеи, проектни задачи, семинарски работи, дипломски, магистерски и докторски трудови, запишување и заверување семестри, добивање потврди, уверенија и други соодветни документи потребни за студентите, остварување комуникација заради добивање објаснувања, допрецизирања и конкретни прашања и односи.
Службата работи во текот на целиот ден, функционира според поделени и специфицирани дејности, односно студиски групи, години и насоки, т.е.циклуси на студии и конкретни активности (поднесување молби, барања, пријави и документи).