
Првиот приватен универзитет Европски Универзитет - РМ навлегува во своето еднодецениско постоење, дејствување и функционирање со видна нагорна линија во својот вкупен раст и развој. Тешкотиите од објективен карактер, пречките од различен вид, смелите и одговорни одлуки - ги сметаме за составен дел на раѓањето и развитокот на толку важен и оригинален проект како што е високо образовна институција.
Нашите определби, стремежи и желби се свртени кон иднината. Системски и систематски ги следиме, ги анализираме и вреднуваме сегашните и идни потреби на пазарот на работна сила во земјата, во Европа и во целиот свет и во согласност со тие и такви потреби и барања ги осмислуваме и ги реализираме нашите студиски програми, наставни активности, практични обуки и истражувачки зафати.
Доказ дека развојниот пат на Европскиот Универзитет е широко отворен претставува и јавното публикување на Годишните извештаи за работењето