
Деканот е раководен орган на матичниот факултет на кој е избран, овластен да го застапува и претставува факултетот како организациона единица на Универзитетот во земјата и странство, од областа на образованието, со согласност на Управниот одбор. На Деканот во вршење на својата работа му помагаат еден или двајца Продекани. Вршењето на должноста Декан и Продекан е неспоиво со вршење на државна функција или функција во политичка партија.
Надлежности на деканот
Деканот е должен најмалку еднаш во годината до Наставно-научниот совет, Ректорот и до Управниот одбор да поднесува извештај за својата работа. Деканот е одговорен за законитоста и статутарноста на работата на Наставно-научниот совет и има право и должност да го запре извршувањето на општ акт за кој смета дека е спротивен на Законите и Статутот на Универзитетот и одлуките на Управниот одбор. Запирањето на општиот акт и одлуката престанува, доколку Деканот, во рок од еден месец од денот на неговото запирање, не поведе постапка пред Уставниот суд на Република Македонија за оценување на неговата уставност и Законитост. За вршење на дел од своите права и обврски Деканот ги овластува Продеканите.